Top Sport

Сега е официјално – Алексис Санчез на позајмица во Интер!

Алексис Санчез и официјално е нов фудбалер на Интер, откако по комплетирањето на медицинските тестови падна договор за едногодишната позајмица од Манчестер јунајтед, завршувајќи ја неславно епизодата на „Олд Трафорд“.

Чилеанецот уште во средата пристигна во Милано, пред денеска Интер официјално да го потврди договорот. Според италијанските и англиските медиуми, Интер се согласил да плаќа 5 милиони евра од неговата плата, додека остатокот од 12 милиони евра ќе го исплаќа Јунајтед. „Нераѕурите“ сакале да направат договор со позајмица со опција за купување на крајот на сезоната за 15 милиони евра, но тоа не се оствари.

Ова е враќање на 30-годишниот Санчез во Италија, откако тој дојде во Удинезе во 2007, пред да го направи трансферот во Барселона за 26 милиони евра во 2011 година. Тој има 20 гола во Серија А во 95 меча. Потоа тој играше и во Арсенал, пред големиот трансфер во Јунајтед за 34 милиони евра во јануари 2018, но неговата форма доживеа значителен пад, а тука беа и повредите. Тој во Интер се приклучува на уште еден „отпадник“ од Јунајтед, Ромелу Лукаку, кој веќе дебитираше со гол во Серија А.

Scroll to Top