Top Sport

САД опен: Осака се врати во форма, Петкович ја исфрли Квитова

Актуелната шампионка од Флешинг Медоуз, Наоми Осака лесно влезе во третото коло на САД опен во напорниот ден за тенисерите откако тенисот во средата беше попречен поради дождот.

Првата носителка Осака беше едноставно пресилна за 53-рангираната Полјачка Магда Линете, стигнувајќи со 6:2/6:4 победа за да постави потенцијална пресметка со 15-годишната американска сензација Коко Гоф во третото коло.

„Среќна сум што не морав да играм во три сета. Исто така благодарна сум што на трибините имаше луѓе како Коби Брајант и Колин Кеперник, тоа беше навистина кул“, изјави Осака.

Петра Квитова пак, немаше толку среќа, откако Андреа Петкович ја победи со 6:4/6:4 за првпат да стигне до третото коло до 2015 година. Германката во 2011 година стигна до четврт-финалето.

Британецот Ден Еванс, пак, го победи 25. носител, Лукас Пуј во четири сета со 6:4/6:3/6:7(4)/6:4 за да обезбеди дуел со Роџер Федерер, додека Денис Кудла со 7:5/7:5/0:6/6:3 го победи Душан Лајовиќ за дуел во третото коло со првиот носител Новак Ѓоковиќ.

САД ОПЕН, 2.КОЛО

МАЖИ

Де Минаур (Авс) – Гарин (Чил) 6:3/7:5/6:3

Гофан (Бел) – Барер (Фра) 6:2/6:2/6:2

Кудла (САД) – Лајовиќ (Срб) 7:5/7:5/0:6/6:3

Мајхршак (Пол) – Куевас (Уру) 6:7(3)/6:4/2:6/6:4/6:1

Еванс (Бри) – Пуј (Фра) 6:4/6:3/6:7(4)/6:4

ЖЕНИ

Феро (Фра) – Младенович (Фра) 6:4/6:7(3)/6:3

Сакари (Грц) – Пенг (Кин) 6:7(5)/6:4/6:2

Мартиќ (Хрв) – Богдан (Ром) 6:2/6:4

Мучова (Чеш) – Хсиех (Тјв) 6:1/4:6/7:6(2)

Петкович (Гер) – Квитова (Чеш) 6:4/6:4

Севастова (Лет) – Свјонтек (Пол) 3:6/6:1/6:3

Осака (Јап) – Линете (Пол) 6:2/6:4

Конта (Бри) – Гаспарјан (Рус) 6:1/6:0

Scroll to Top