Top Sport

Сега е официјално! Икарди е нов фудбалер на Пари Сен-Жермен!

Мауро Икарди и официјално е нов фудбалер на Пари Сен-Жермен, откако Интер и францускиот шампион се договорија за позајмица со опција за купување на фудбалерот за 70 милиони евра, јавуваат француските медиуми.

Иако, финансиските услови не се откриени, со ова се става крај на „сагата“ која се „влечкаше“ цело лето. Пред заминувањето од Интер, Икарди официјално го продолжи договорот со клубот од Милано до 30 јуни 2022 година, со што клубот се „штити“ од можноста да го загуби како слободен агент.

Според „Скај спорт Италија“, се работи за позајмица од 5 милиони евра, плус 7 милиони евра и плаќање на платата на Икарди од страна ПСЖ.

„Би сакал да се заблагодарам на Пари Сен-Жермен за довербата која ми ја покажаа. Ќе го дадам максимумот да му помогнам на новиот тим во сите натпреварувања. ПСЖ стана интернационален моќен клуб и ги привлекува најдобрите фудбалери во Париз. Моментот е силен, амбициите големи и ќе одиме заедно“, вели Икарди, кој ќе го носи дресот со бројот 18.

Договорот беше склучен уште вчера, а денеска Икарди го помина медицинскиот тест и стави потпис на договорот, приклучуван од неговата сопруга и агент, Ванда Нара.

Икарди има 121 гол во 219 натпревари во Италија, но односите со Интер се „распаднаа“ во последните шест месеци – во февруари му беше одземена капитенската лента, а потоа тој наводно го повреди коленото. Со доаѓањето на новиот тренер Антонио Конте, стана јасно дека клубот не смета на него.

Scroll to Top