Top Sport

Здраво-пријатно! Шкртел си замина од Аталанта за само 24 дена

По шпекулациите во италијанските медиуми, Аталанта потврдија дека го раскинале договорот со Мартин Шкртел и на негово место го донесоа Симон Кјер како позајмен фудбалер од Севилја.

Со ова завршува неверојатната авантура од само 24 дена во Бергамо, бидејќи влегол во директен конфликт со тренерот Џанпјеро Гасперини и слабо се интегрирал во тимот.

34-годишниот поранешен дефанзивец на Ливерпул последните три сезони ги помина во турскиот гигант Фенербахче пред да му заврши договорот ова лето.  Шкртел последните две сезони играше во Лигата на шампионите со Фенербахче и требаше да биде засилување за Аталанта пред нивната прва сезона во историјата на елитното натпреварување.

Кјер пак, е неверојатниот 19-ти фудбалер кој заминува од Севилја по враќањето на Мончи како спортски директор, а наместо тоа го направија и 13-тиот трансфер ова лето откако голманот Јасин Буну дојде од Џирона на позајмица.

Scroll to Top