Top Sport

Сега и коментаторите се расисти – ги фалат белците за „интелигенција“, а црнците за „физичка сила“

Последната студија на данската компанија „Ран рипит“ покажала дека има „очигледна пристрасност“ кај ТВ-коментаторите според бојата на кожата на фудбалерите, по што Англиската асоцијација на фудбалери (ПФА) побара менување на работите.

При анализа на 80 ТВ-преноси од фудбалските лиги на Англија, Франција, Шпанија и Италија, фудбалерите со побел тен на кожата биле фалени за нивната работна етика и интелигенција, додека тие кои имаат потемна кожа биле почесто фалени за спортската способност, брзината и моќта.

„Постојаното фалење за фудбалерите со побела кожа за нивнат умешност, лидерство и когнитивни способности се комбинирани со постојани критики за фудбалерите со потемна кожа и тоа влијае на перцепцијата на луѓето кои гледаат фудбал“, се вели во студијата.

Студијата покривала 80 меча од сезоната 2019/20, подеднакво поделени од Серија А, Лига 1, Ла лига и Премиер лигата и биле анализирани 2.074 објави за 643 фудбалери. Според оваа студија за 6.59 пати поверојатно е да се коментира силата на фудбалерите со потемна кожа, и 3.38 пати поверојатно за брзината. Но, 60 отсто од пофалбите за работата оделе кај тие со посветла боја на кожата.

Scroll to Top