Top Sport

Датоме се врати дома – претставен како засилување за Армани

Италијанскиот кошаркар Луиџи Датоме по девет години се враќа во италијанската кошарка, откако Армани Милано на својот веб-сајт потврдија дека склучиле договор со капитенот на репрезентацијата и поранешен член на Фенербахче.

Датоме по заминувањето од Лотоматика играше во НБА лигата за Детроит пистонс и Бостон селтикс, пред да се пресели во Истанбул кај Жељко Обрадовиќ, кој исто така замина од турскиот гигант ова лето.

Во пет сезони со Фенербахче, 32-годишниот Датоме помогна да се освојат три турски титули (2016, 2017 и 2018) и го крена трофејот од Евролигата во 2017 година.

„Сакам да се заблагодарам на сите фанови од срце. Клубот ми даде нов предивик во кариерата и имав неверојатна поддршка во овие пет години. Дадов многу за Фенербахче, но и добив многу“, вели Датоме.

Scroll to Top