Top Sport

Сега ќе „скокне“ цената – Мино Рајола првпат има клиентка

Еден од најпознатите фудбалски агенти на светот, Италијанецот со холандски пасош, Мино Рајола според италијанските медиуми првпат во својата кариера има клиентка – фудбалерката на Јувентус, Барбара Бонансеа.

Рајола под своја закрила ги има Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Џанлуиџи Донарума и Ерлинг Халанд, фудбалски ѕвезди на кои им заработи милиони евра со богатите договори со најпознатите европски клубови, и секако, за секој договор си доби богата награда.

Според „Ла газета дело спорт“, ѕвездата на женскиот тим на Јувентус, Бонансеа е неговата последна клиентка, и вообичаено за него, тој игра „цврсто“, одбивајќи да го продолжи договорот со Јувентус. Нејзиниот договор завршува во јуни откако помина четири сезони во Торино, и се верува дека Лион, инаку гигант во женскиот фудбал сака да ја донесе во Франција.

Scroll to Top