Top Sport

Мекгрегор го продаде вискито за 600 милиони долари и прослави со бремената сопруга

Конор Мекгрегор и неговата бремена свршеница Ди Девлин се пофалија со најновата финансиска зделка, продажбата на нивниот бренд  виски „Пропер 12“ во зделка вредна неверојатни 600 милиони долари.

Ирската ММА легенда Мекгрегор, кој во декември објави дека го чека третото дете со Девлин, ја формираше „Пропер 12“ компанијата во 2017 година со Девлин како партнер, а сега објави дека компанијата „Проксимо спиритс“ го купила управувачкиот пакет во компанијата во зделка вредна 600 милиони долари, а Мекгрегор ќе остане заштитно лице на неговото виски.

„Да наздравиме на најдоброто виски на светот, ‘Пропер 12’. Неверојатно. Конор, те сакам толку многу и горда сум на тебе. Благодарност за напорната работа која ја вршиш секој ден за семејството. Едвај чекам да наздравиме вистински за неколку недели“, напиша Девлин на Инстаграм.

32-годишниот Мекгрегор, кој се враќа во УФЦ кафезот на 10 јуни за комплетирање на трилогијата со Дастин Поаире, исто така беше горд на склучената зделка.

„За помалку од три години, од сон до најголемото ирско виски на светот. Огромен чекор напред за ‘Пропер 12’ и чекор во новата фаза за компанијата. Само што ги загревам бурињата. Следен чекор – светска доминација“, напиша Мекгрегор.

Scroll to Top