Фудбалската репрезентација на Македонија приреди сензација во светскиот фудбалски поредок и ја исфрли Италија на патот кон Светското првенство. Тоа е неверојатен успех, но и инспирација за сите останати.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, им го честиташе големиот успех на фудбалерите.
„Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци! Најубавата приказна од Македонија“, истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.