Новозеландскиот напаѓач со грчко потекло Коста Барбарусес оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад на двете џамии во Крајстчрч со одлична прослава на постигнат гол.
Барбарусес, кој игра за Мелбурн виктори го постигна првиот гол за својот тим против Бризбејн роар во 2:1 победата, по што падна на колена и ја имитираше муслиманската молитва сеџда.
„Искрено, многу сум потресен. Емоционален ден за сите нас. Прославата нема да значи многу на жртвите, н барем е нешто што можев да го направам“, вели 29-годишниот Барбарусес.
A very classy celebration from @KostaBarb7 after yesterday’s horror in Christchurch. #MVCvBRI pic.twitter.com/LiosezWI4V
— Joshua Thomas (@Joshua_Thomas97) March 16, 2019