Top Sport

Селекторот на Бугарија: Не слушнав расистички навреди

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Красимир Балаков, рекол дека не слушнал расистички навреди во текот на натпреварот со Англија. Синоќа во Сафија, Англичаните ја декласираа Бугарија со 6:0, а мечот два пати во првото полувреме бил прекинуван поради расистички испади на дел од навивачите.

Бугарските навивачи расистички ги навредувале англиските репрезентативци, со нацистички поздрави и со мајмунски крици.

Балаков рекол дека не забележал ништо, но доколку тоа е вистина тогаш му било жал за тоа што се случило, бидејќи досега не се соочувале со таков проблем.

„Не ги слушнав скандирањата. Видов дека судијата го прекина натпреварот, но морам да кажам дека тука не станува збор само за однесувањето на бугарските навивачи, туку и за однесувањето на навивачите од Англија, кои ја исвиркаа химната на Бугарија. Во вториот дел извикуваа непристојни пароли кон нашите навивачи“, рекол Балаков.

Инаку дел од трибините на стадионот „Васил Левски“ беа затворени порад расистичкото однесување на бугарските навивачи на натпреварите со Косово и Чешка.

„Расизам досега немаше, рекол Балаков, а преведувачот дополнил дека дисциплинските мерки од УЕФА биле воведени поради истакнување на знаме кое не е забрането со бугарските закони. Имавме проблем откако се знаеше дека Англија ќе дојде во Бугарија. Три недели луѓето зборуваа за се само не за фудбалот. Мислам дека тоа не е вистинскиот начин на кој можете да се подготвите и да играте натпревар“, рекол Балаков.

Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека играчите биле расистички навредувани, дека можеле го прекинат натпреварот, но сепак решиле да го одиграат до крај.

Поради расизам два пати прекинат мечот во Софија

Scroll to Top