Селекторот на Исланд Хеимир Халгримсон го објави списокот од 23.фудбалери на кои смета за престојното Светско првенство во Русија. На списокто се и повредените Гилфи Сигурдсон и Арон Гунарсон.
Сигурдсон поради повреда на коленото последниот натпревар го одигра уште во март. Тој ќе го пропушти последниот меч на Европтон оваа сезона во Премиер лигата. Гунарсон во април го започна периодот на рехабилитација по операцијата на коленото.
Исланд пред вде години на Европското првенство во Франција успеа да се пласира во четврт-финалето, а на Мундијалот во Русија ќе игра во Д-групата против Аргентина, Хрватска и Нигерија.
Селекторите на репрезентациите што ќе играат на СП до 23.мај ќе мора да го објавата поширокиот список со 30 фудбалери, а конечниот список од 23.фудбалери ќе мора да го достават во ФИФА до 4.јуни.
Составот на Исланд за СП:
Голмани: Ханс Халдорсон, Фредерик Шрам, Рунар Рунарсон
Одбрана: Ари Скуласон, Хердур Магнусон, Холмар Ејолфсон, Кари Арнасон, Сверир Ингансон, Рагар Сигурдсон, Самуел Фридјорсон, Биркир Севарсон
Среден ред: Јохан Гудмунсон, Арнор Траустасон, Арон Гунарсон, Олафурд Скуласон, Гилфи Сигурдсон, Емил Халфредсон, Биркир Бјарнарсон, Рурик Гисласон
Напад: Бјорн Сигурдарсон, Алберт Гудмунсон, Алфред Финбогасон, Јон Бодварсон