Top Sport

Тежок пораз на Леверкузен од Баерн

Баерн Минхен се вратија на лидерската позиција во Бундеслигата. Баварците, во дербито на колото, во Леверкузен го прегазија Баер со 5:1.

Баварците, во првиот дел го прегазија противникот. Делуваа како казнена експедиција, која испорача пет гола во мрежата на противникот, четири од нив во периодот од 30. до 37.минута.

Првите два гола ги постигна Левандовски, Милер зголеми на 3:0, а потоа два пати погоди Гнабри.

Честа на „фармацевтите“ ја спаси Шик со гоот во 55.минута.

Баерн по осум кола има 19 бодови, еден повеќе од Борусија Дортмунд и три од Баер Леверкузен.

Scroll to Top