Top Sport

Селта ќе му врачи отказ на Кудет

Селта му врачи отказ на Аргентинецот Едуардо Кудет, на неговото место ќе дојде Португалецот Карлос Карвалјал. Селта нема победа на последните пет натпревари, а на последните седум натпревари под водство на Кудет забележа само една победа. Екипата од Виго се наоѓа на 16. место на табелата во Примера.

Смената не Кудет се уште не е официјализирана, но медиумите во Шпанија пишуваат дека тој е биде сменет и дека новиот тренер ќе ја предводи Селта во сабота против Осасуна.

Карвајал, во Виго доаѓа од Обединетите Арапски Емирати, претходно работеше во Сетубал, Спортинг и Брага во Португалија, Свонси и Шефилд Венсдеј во Англија, Астерас (Грција) и Истанбул Башакшехир и Бешикташ во Турција.

Scroll to Top