Top Sport

Крос планира кариерата да ја заврши во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос изјави дека кариерата ќе ја заврши во тој клуб, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.
Крос има договор со Реал до 30. јуни 2023 година. Тој во јули минатата година се повлече од германската репрезентација.

„Она што отсекогаш сум го велел не се смени, не одам никаде, нема да се преселам во друг клуб. Останувам овде, тука ќе ја завршам кариерата. Само не знам кога тоа ќе се случи“, изјави Крос, на прес-конференција во Мадрид, пред натпреварот со Селтик во ЛШ.

Тој вели дека не размислува премногу околу новиот договор или пензионирањето, туку дека во овој момент сака само да игра.

„Мирен сум. Ќе размислувам за тоа следната година или за време на претстојната пауза. Ќе размислам што може да се случи и полека ја донесам одлуката. Смешно е, многу луѓе мислат дека знаат што се случува и пред да се случи, додека јас не знам што мислам. Но, клубот и јас сме многу мирни, секогаш разговараме. Тука сум скоро осум и пол години и нашата врска нема да се промени сега. Ќе разговараме за тоа тивко во јануари или февруари, можеби дури и во март“, додаде 32. годишниот германски фудбалер.

Вечерва, од 18:45 часот, Реал на домашен терен го игра против Селтик.

Scroll to Top