Top Sport

Семејна трагедија за Луис Енрике – почина неговата деветгодишна ќеркичка!

Поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор, Луис Енрике ја потврди трагичната вест дека неговата деветгодишна ќерка Чана почина од рак. Енрике се повлече од селекторската позиција оваа година за да се фокусира на семејството, откако неговата ќерка пет месеци се бореше со остеосаркома, тип на рак на коските.

„Нашата ќерка Чана почина попладнево на 9 години, откако пет месеци се мачеше со остеосаркома. Благодариме за пораките за љубов кои ги добивме овие месеци и ќе ја цениме дискрецијата и разбирањето. Исто така благодариме на болниците ’Сант Жоан де Деу’ и ’Сант Пау’ за нивната посветеност на работата. Ќе ни недостасува секој ден, но ќе мислиме на тебе секој ден од нашите животи и во иднина ќе се сретнеме повторно. Ти ќе бидеш ѕвезда која го води нашето семејство. Почивај добро мала Чана“, напиша Енрике.

Енрике беше прв човек на Барса од 2014 и 2017, освојувајќи две лигашки титули, три куп-трофеи и еден трофеј од ЛШ. Тој го замени Фернандо Јеро како селектор по Светското првенство во 2018 и беше селектор во седум меча пред да се повлече.

Scroll to Top