Top Sport

Семејство Левандовски донира 1 милион евра во борбата со коронавирусот

Голгетерот на минхенски Баерн, Роберт Левандовски и неговата сопруга Ана решија да се приклучат на кампањата #WeKickCorona#.

Тие донираа 1 милион евра во борбата против опасниот вирус кој со голема брзина се шири низ Европа и во светот.

„Мораме да и помогнеме на заедницата побрзо и побезболно да се справи со коронавирусот. Сега сме сите во ист тим. Оваа ситуација не засега сите и мора да покажеме одговорност и да бидеме хумани“ – изјави брачниот пар Левандовски, а пренесоа медиумите во Германија.

Клупските колеги на Роберт од баварскиот клуб, Леон Горецка и Џошуа Кимих исто така донираа по 1 милион евра во истата акција, а се очекува ова да биде поттик за што поголемо учество во акцијата и за останатите.

Scroll to Top