Top Sport

И Даглас Коста избега од карантинот во Јувентус

Даглас Коста е најновото, петто име, од таборот на Јувентус кој ја напушти Италија пред да истече 14-дневниот карантин.

Претходно, истото го сторија и Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Родриго Бентанкур и Миралем Пјаниќ, чии летови надвор од Италија покренаа лавина реакции.

Спортски коментатори, навивачи, дури и адвокати цело време ги коментираат нивните постапки, а некои бараат одговори кој им го дозволил овој чекор.

Посебен проблем претставува тоа што во тимот на Јувентус има двајца заразени со коронавирусот – Даниеле Ругани и Блес Матуиди. Вкупно 121 фудбалер и членови на клубот се во 14-дневен карантин.

Сепак, сега се зборува за нова приказна, за наводна доброволна самоизолација за која не постојат рокови, барем според зборовите на челниците на „Старата дама“.

Scroll to Top