Top Sport

Пауло Дибала и девојка му заразени со коронавирус (фото)

Аргентинецот во Јувентус, Пауло Дибала е најновиот играч на „Старата дама“ кој е заразен со коронавирусот.

Дибала на Твитер напипа дека тој и неговата девојка Ориана се позитивни на Covid-19.

„Поздрав на сите, се јавувам за да ве известам дека ги добив резултатите од тестирањето на коронавирус, па јас и мојата девојка Ориана сме позитивни. За среќа, се чувствуваме сјајно. Им благодарам на сите за пораките со поддршка“ – напиша Дибала.

Scroll to Top