Алан Сен-Максимен уште повеќе ја зголеми својата репутација кај навивачите на Њукасл јунајтед, откако купи играчки за стотина млади фанови на клубот.
25-гоишниот Сен-Максимен, кој дојде на „Сент Џејмс парк“ во 2019 и стана херој на навивачите со својот сил на игра, остана клучен дел од тимот на Еди Хоув и покрај големото трошење на кубот. По победата над Нотингем форест во првото коло од Премиерлигата, напаѓачот отидед кај група на навивачи и на еден од нив го подари својот „Ролекс“ часовник.
Сега, јутјуберот Адам Пирсон повторно го „фати“ Сен-Максимен во добро издание откако тој им купи играчки на стотина деца во градот.
Allan Saint-Maximin, one of a kind ?????? #NUFC pic.twitter.com/e9UQaQ5A4v
— Adam Pearson (YT) ⚫️⚪️ (@AdamP1242) August 20, 2022
Saint-Maximin takes 100’s of Newcastle fans to a toy shop is one of the most insane things you will ever see #NUFC pic.twitter.com/Xj1A0zAbvP
— Adam Pearson (YT) ⚫️⚪️ (@AdamP1242) August 20, 2022