Исмаила Сар со гол од пенал во 44. минута од мечот им донесе предност на Сенегал во одлучувачкиот меч од групата А против Еквадор, оставајќи ја африканската репрезентација на само 45 минути од пласман во нокаут фаза.
Пред стартот на мечот, Еквадор беше втор во групата А со 4 поени (колку што имаат и Холанѓаните), а Сенегал трети со 3 поени, така што на Сенегалците им е потребна победа за да ги поминат ривалите на табелата. Тие имаа подобро прво полувреме, со повеќе шанси пред противничкиот гол, за во финишот на полувремето, Сар да биде фаулиран во шестнаесетникот, а судијата Турпан да покаже на белата точка. Фудбалерот на Вотфорд, Сар со ладнокрвно изведување од белата точка донесе клучно водство.
Ismaila Sarr opens the scoring for Senegal against Ecuador.pic.twitter.com/e3hiV5VpEC
— H/F (@hfworld_) November 29, 2022
Sarr definió muy bien y le da la ventaja a Senegal. Gol que vale mucho.pic.twitter.com/9qtIoJoIKy
— Pase Clave 🤌🏻 (@Paseclave_) November 29, 2022