Top Sport

Претседателот на ИОЦ побара продолжување на санкциите за Русија и Белорусија

Претседателот на Интернционалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах смета дека санкциите против Русија и Белорусија мора да останат на сила до крајот на конлфиктот во Украина, отфрлајќи ги сите можности за реинтегрирање во светските федерации.

Оваа порака беше објавена на форумот на Интернационалната федерација (ИФ) во Лозана од потпретседателот на ИОЦ, Нг Сер Мијаг, кој го прочита говорот на Бах, бидејќи Германецот беше отсутен поради позитивниот тест на КОВИД-19.

„Казните против руските и белоруските влади мораат да останат на сила. Препораката е вие, Интернационалните федерации да не ги признавате спортските натпревараувања во Русија и Белорусија, симболите на тие две земји да не се појават на ниту едно натпреварување. Мораме да ги санкционираме тие кои се одговорни за почетокот на војната, руската и белоруската влада“, стои во говорот.

ИОЦ уште во февруари оваа година, им даде препорака на интернационалните федерации да ги суспендираат Русите и Белорусите, по што тоа го направија ФИФА и УЕФА, како и повеќе федерации во мотоспортот, атлетиката и тенисот, иако АТП и ВТА дозволија Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме.

Scroll to Top