Сенегал ги заврши подготовките за Светското првенство во Русија со 2:0 победа над Јужна Кореја во пријателски меч во Австрија, кој ги налути фановите на двете репрезентации бидејќи неочекувано прво беше одложен, пред да се одигра без публика под „затворени“ врати.
Африканците влегуваат како едни од фаворитите во групата Г каде што се и Полска, Јапонија и Колумбија, а осигураа да патуваат во добар дух во Русија со победа обезбедена со голот на Муса Конате и автоголот на Ким Јанг-Гвон.
Јужна Кореја пак, ги очекува тежок предизвик во групата со Германија, Шведска и Мексико (група Ф), каде што се апсолутни аутсајдери.