Top Sport

Сенегалец од Трабзонспор јадеше хартија на сред меч (видео)

Фудбалерот на турски Трабзонспор, Баду Ндиаје изеде парче хартија во текот на мечот против Газијантеп во турското фудбалско првентво.

Тренерот на Трабзонспор му испрати на Ндиаје упатства за остатокот од мечот. Сенегалецот, кој како позајмен играч од Стоук игра во Трабзон, ги прочита инструкциите, па ја изеде хартијата, за да „ги уништи доказите“.

Инаку мечот заврши 1-1. Трабзонспор е втор на табелата со 3 бода помалку од Башахшехир.

Scroll to Top