Top Sport

Баркли: Мора да си идиот па да гласаш за Леброн пред Јанис за МВП!

Легендарниот НБА кошаркар, Чарлс Баркли ја прокоментира кандидатурата на МВП на сезоната. Тој смета дека оваа година признанието треба да оди во рацете на Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс.

„Мора да си идиот па да гласаш за Леброн пред Јанис за МВП наградата. Замислете Џејмс да има скор 53-9 со Крис Мидлтон, најдобриот соиграч, и да ја загубиш МВП наградата. Медиумите се глупави“ – „без влакна на јазикот“ изјави Баркли.

Интересно што неговите зборови доаѓаат по сјајната партија на Џејмс во победата на Лејкерси над Бакси со 113-103.
„Кралот“ уфрли 37 поени, со 8 скокови и асистенции и со 3 украдени топки.

Но и грчкиот кошаркар имаше забележителна улога. Реализираше 32 поени, со 11 скока и 6 асистенции.

Scroll to Top