Top Sport

Продолжува агонијата на Тотенхем, без победа и против Барнли (видео)

Фудбалерите на Барнли и Тотенхем одиграа нерешено 1-1 во меч од 29 коло во Премиерлигата.

Менаџерот на „Спарси“ Жозе Мурињо ја менува формацијата, држи мотивациски говори, но никако не успева да ја консолидира екипата.

Последната победа на „петлите“ беше на 16 февруари против Астон Вила, а сега Тотенхем е на осмата позиција со намалени шанси за пласман во Лигата на шампиони идната сезона.

Барнли вечерва одигра добар меч, храбро и мотивирао. Во 13 минута домашните дојдоа до предност од 1-0. Вуда од непосредна близина по одбранет удар погодува и носи предност за својата екипа.

Израмнувањето дојде во 50 минута, од пенал. Ми стартуваше на Ламела во казнетиот простор, па по консултација со ВАР судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Деле Али.

До крајот на мечот Барнли го бранеше ремито, а Тотенхем немаше сили за комплетен пресврт.

Scroll to Top