Top Sport

Касано: Без напаѓач го освоивме ЕУРО 2020

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано, изјавил дека Азурите без напаѓач триумфирале на Европското првенство.

Италија, во неделата, по изведувањето на пенали ја победи Англија и ја освои титулата.

„Имавме голем проблем. Ја освоивме титулата и покрај тоа што немавме напаѓач. Ова се факти. Ова е единствен таков случај. Тренерот заслужува честитки. На првата прес конференција кажа дека оди на ЕУРО за да го освои“, рекол Касано.

Италија на ЕУРО, во составот имаше двајца напаѓачи, Чиро Имобиле и Андреа Белоти. Имобиле постигна по еден гол во првите два натпревари, додека Белоти не успеа да се запише меѓу стрелците.

Scroll to Top