Германскиот второлигаш Сент Паули е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Висар Муслиу. Раководството на клубот испратило првична понуда, но таа не ги задоволува желбите на Инголштад.
Преговорите продолжуваат, а наскоро се очекува нова понуда од Сент Паули.
Висар Муслиу со тимот на Инголштад лани испадна во Третата германска лига, па и интерес на македонскиот репрезентативец е реализација на овој трансфер за да може да се врати и да настапува во второлигашката конкуренција во Германија.