Top Sport

Сензационален пресврт на Рен за триумф над Нант (Видео)

Фудбалерите на Рен со неверојатен пресврт успеаја да го победат Нант со 3:2 во 22 коло во француската Лига 1.

Головите во Рен беа постигнати во второто полувреме. Домашниот играч Да Силва си постигна авто-гол во 47 минута. Израмни Рафиња во 71., откако Нијанг промаши пенал. Девет минути подоцна гостите ја вратија предноста со голот на Симон.

Сепак на крајот Рен ги освои трите бода, откако во лудиот финиш постигнаа два гола преку Буриго во 94. и Рафиња во 96 минута.

Scroll to Top