Top Sport

Јанис немоќен пред Јокиќ и екипата (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа на теренот на најдобриот тим во лигата Милвоки Бакс 127:115. Милвоки го забележаа седмиот пораз во 48 натпревар од почетокот на сезоната, додека Нагетс имаат скор 34/15.

Двата тима добија по едно полувреме. Милвоки доминираа во првиот дел, а на полувреме има предност од седум поени. Домаќините во третата четвртина не успеаја да се справат со одбраната на противникот. Деневер овој период го добија со 40:24 со што си го отворија патот кон победата.

Вил Бартин (24 поени, седум скока, осум асистенции) и Никола Јокиќ (15 поени, 10 скока, девет асистенции) ги предводеа Нагатс до победата.

На спротивната страна блескаше Јанис Адетокумбо со 31 поен, 16 скока и девет асистенции. Ист број на асистенции и 24 поени забележа Крис Мидлтон.

Scroll to Top