Реал Мадрид не успеа да се доближи долидерот Барселона, откако во заостанатиот натпревар од Ла лига, прв во 2019 година, одигра 2:2 на гостувањето кај Вилјареал, кои во својот состав го имаа фантастичниот ветеран Санти Казорла, кој ги постигна двата гола.
Тимот на Сантијаго Солари беше шокиран уште во четвртата минута, Казорла постигна одличен гол за шок на клубот кој неодамна ја освои титулата од Светското клупско првенство (поради што и мечот беше одложен).
Меѓутоа, „кралевите“ бргу реагираа. Карим Бензема во седмата минута доби одлична топка од Лукас по лошата интервенција на домашната одбрана и со глава израмни на 1:1. Водството, Реал го доби во 20. минута, кога по слободниот удар на Тони Крос, Рафаел Варан упати фантастичен удар со глава.
Но, тоа не беше крајот! Казорла, кој се врати во Вилјареал од Арсенал по тешката повреда и десетината операции на скочниот зглоб, во 82. минута по акцијата во сомнителна офсајд ситуација доби топка од Форналс и израмни на 2:2.
Фото: ЕПА