Top Sport

Сензационалните Санкт Паули ги елиминираа Борусија Дортмунд!

Второлигашот од Хамбург, Санкт Паули стигна до славна 2:1 победа над Борусија Дортмунд во осминафиналето на германскиот ДФБ куп, иако гостите играа со својот најсилен тим.

Етјен Аменјидо ги донесе домаќините во водство уште во четвртата минута, пред Аксел Витсел да си постигне автогол во 40. минута од мечот. Борусија го почна силно второто полувреме и намали на 2:1 откако Ерлинг Халанд беше прецизен од белата точка во 58. минута од мечот, но до крајот „милионерите“ не успеаја да го најдат патот до голот.

Во четврт-финалето се и градските ривали на Санкт Паули, многу попознатите Хамбургер, кои со 4:3 на пенали елиминираа уште еден прволигаш, Келн откако по продолженијата беше 1:1.

ДФБ КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Санкт Паули – Борусија Дортмунд 2:1

Келн – Хамбургер 1:1, 3:4 пенали

180 Минхен – Карлсруе 0:1

Бохум – Мајнц 3:1

Scroll to Top