Top Sport

Кјелце го добива Вуко Борозан, но во 2020 година

Според полскиот портал „ВП спортове факти“, полскиот шампион Кјелце веќе го договорил трансферот на уште еден играч на Вардар, Црногорецот Вуко Борозан, иако тој има валиден договор со европскиот шампион до 2020 година.

24-годишниот Борозан во македонскиот клуб се трансформираше во еден од најдобрите играчи на светот, а лани со Вардар ја освои и европската титула. Според полските извори, трансферот ќе почека до 2020 година бидејќи Сергеј Самсоненко веќе ги исплатил парите.

Менаџер на Борозан е Саша Братиќ, кој исто така ги застапува интересите на Лука Циндриќ, кој веќе има билет за Полска. Двајцата ги започнаа кариерите во хрватскиот Карловац, а потоа играа и во Металург.

Фото: ЕПА

Scroll to Top