Top Sport

Сепак, ништо од Суперкласико – Бока-Ривер одложена за утре

Мечот кој половина Буенос Аирес, како и фудбалските фанови низ целиот свет го очекуваше со неизвесност, сепак, нема да се одржи.

Првиот меч од финалето на Копа Либертадорес, меѓу градските ривали Бока јуниорс и Ривер Плата на „Ла бомбонера“ е откажан по силните врнежи во аргентинската престолнина. Мечот е презакажан за утре во 21 часот.

Претходно, локалните организатори тврдеа дека мечот сигурно ќе се одржи и покрај поројните дождови и опасностите од грмотевици, бидејќи стадионот имал „одлична дренажа“. Сепак, по последната инспекција на луѓето од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) е одлучено да не се ризикува.

Нема откажување на Суперкласико и покрај дождот! Бока и Ривер ќе играат вечерва

Scroll to Top