Top Sport

Сер Алекс Фергусон верува дека Ливерпул ќе се шампиони

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека Ливерпул ќе ја освои титулата пред Манчестер сити, иако на повеќе навивачи и поранешни фудбалери на „ѓаволите“ им беше тешко да го направат овој избор.

Ливерпул имаат два поени предност пред Сити на табелата, но „граѓаните“ имаат одиграно еден меч помалку. Ова го откри новинарот Џонатан Валтерс, кој додаде дека Фергусон смета дека тимот на Оле Гунар Солксјер ќе успее да го победи Сити во градското дерби следната недела.

„Зборував со Фил Бардсли и Сер Алекс Фергусон и двајцата сметаат дека Ливерпул ќе станат шампиони. Зошто? Бидејќи веруваат дека Јунајтед ќе му ’откинат’ поени на Сити во дербито“, вели Валтерс.

Scroll to Top