Top Sport

Сер Алекс се враќа во Јунајтед на официјална позиција!

Сер Алекс Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед на официјална позиција, откако извршниот директор на клубот, Ричард Арнолд формираше посебен тинк-тенк во кој ќе учествуваат и поранешниот капитен Брајан Робсон, како и поранешниот генерален директор, Дејвид Гил, јавува „Дејли мејл“.

Ова било договорено на ручекот во Керингтон, кој случајно се поклопил со враќањето на Кристијано Роналдо во тимот за преговори, и ќе му даде на легендарниот Ферги најголемо влијание во клубот кој го водеше до најголемите успеси во историјата. 80-годишниот Фергусон и Гил останаа во бордот на директори по заминувањето од клубот во 2013 година, но тоа беше само симболична позиција, додека главните одлуки ги носеше поранешниот директор Ед Вудворд.

Арнолд, кој го наследи Вудворд во февруари, реши да побара помош од луѓето со огромно искуство – Фергусон беше 26 години во Јунајтед освојувајќи 38 трофеи, а 64-годишниот Гил помина 16 години како извршен директор.

Scroll to Top