Играчот на Лацио Сегеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) бил на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед, тврди „Ла Република“. Според овој извор претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито ја прифатил понудата од „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед за услугите на СМС понудиле 75 милиони евра и дополнителни бонуси. Оваа сума е помала од она што Лотито ја бараше за српскиот репрезентативец минатото лето. Лани Лацио за СМС бараа 120 милиони евра.
„Ла Република“ не нуди објаснување зошто Лацио прифатиле помала понуда, само наведува дека СМС договорил пет годишна соработка.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ кариерата ја започнал во Војводина, потоа играше во Генк, а во Лацио е од 2015 година, Минатата сезона беше прогласен за најдобар играч од редот за врска во Серија А.