Серхио Рамос, ветеранот на Севилја и легенда на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Андалузија, но многу веројатно и европскиот фудбал. Според американските медиуми, 38-годишниот стопер кариерата ќе ја продолжи во МЛС.
Понудата од Соединетите Американски Држави не е единствената што ја има Рамос, туку таа му е поинтересна од оние што ги добива од опциите од Саудиска Арабија.
„Атлетик“, пишува дека, доколку ја прифати понудата од Сан Диего, Рамос ќе стане еден од најплатените играчи на клубот кој од следната година ќе биде дел од МЛС лигата.
Во својата камбек сезона во Севилја, клубот во кој ја започна својата кариера пред да стане легенда на Реал и играч на ПСЖ, Рамос одигра вкупно 34 натпревари и постигна седум.