Сопругата на голманот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рико, потврди дека тој излегол од кома три недели откако доби хорор повреда на главата при коњички инцидент во Севилја.
Рико заврши во болницата во Севилја по повредите на главата добиени еден ден по прославата на титулата со ПСЖ, и првите прогнози беа дека неговата состојба е крајно сериозна. 29-годишниот Шпанец беше поставен во медицински индуцирана кома за да се спречат оштетувања на мозокот, но сега неговата сопруга Алба Силва ги потврди добрите вести.
„Конечно, гледаме светло на крајот на тунелот. Одиме чекор по чекор. Бев сигурна дека ќе се извлече бидејќи е шампион“, потврди Алба Силва за „Телесинко“ додавајќи дека тој почнал и да зборува.