Top Sport

Серхио Рико излезе од одделот за интензивна нега во клиниката во Севилја

Шпанскиот голман на Пари Сен-Жермен, Серхио Рико, излезе од интензивна нега по будењето од комата, потврди неговата сопруга, Алба Силва.

29-годишниот Рико доби сериозна повреда на главата при коњички инцидент во мај, по што беше сместен во болницата „Вирген дел Росио“ во Севилја.

„Сите сме пресреќни што опоравувањето оди многу добро. Сега можеме да бидеме со него 24 часа дневно. Серхио има голем дух и со нас е 100 отсто“, изјави Силва за шпанските новинари.

Рико сега го очекува долга рехабилитација откако помина 22 дена во медицински индуцирана кома.

Scroll to Top