Top Sport

Серхио Рико планира да се врати на фудбалот до крајот на сезоната

Шпанскиот голман Серхио Рико планира да се врати на фудбалот со Пари Сен-Жермен до крајот на сезоната, откако се опорави од несреќата која го остави со месеци во кома.

Рико беше во сериозна состојба откако во коњичка несреќа на 28 мај доби тешки повреди на главата во Севилја, каде што се врати по прославата на титулата на ПСЖ во Франција. 30-годишниот голман сега е во многу подобра состојба и сака да направи целосен камбек во спортот.

„На 22 септември имам нови тестови и ќе видиме дали процесот на опоравување оди во вистинска насока. Се надевам дека ќе добијам добри вести и дека ќе добијам повеќе слобода да тренирам и да се поготвувам во Париз. Целта е да се вратам на фудбалот, секако, пред крајот на сезоната“, вели Рико за веб-сајтот на францускиот клуб.

Scroll to Top