Top Sport

Серхио Рико вратен во медицински индуцирана кома

Шпанскиот голман на Пари Сен-Жермен, Серхио Рико е вторпат поставен во медицински индуцирана кома откако првично покажал подобрувања по коњичката несреќа минатиот месец, јавуваат француските медиуми.

Рико доби сериозни повреди откако бил удрен од коњ во врат во неговата родна Севилја, каде што замина веднаш по освојувањето на француската титула. Според „Ле паризиен“, неговата состојба се подобрувала во текот на неделата, со најава за вадење од медицински индуцираната кома во средата, но во петокот повторно му биле дадени седативи, а болницата потврди дека тој „останува во сериозна состојб“.

Scroll to Top