Top Sport

Трета среќа? Руд го „збриша“ Зверев за финале на Ролан Гарос против Ѓоковиќ

Најдобриот норвешки тенисер Каспер Руд ќе се обиде во своето трето гренд слем финале, конечно, да стигне до голема титула, откако со импресивни 6:3/6:4/6:0 го совлада Германецот Александер Зверев за да се пласира во финалето на Франција опен во Париз.

Руд, кој во минатогодишното финале загуби од Рафаел Надал, а потоа загуби и во финалето на САД опен од Карлос Алкараз, во финалето ќе се судри со фаворитот Новак Ѓоковиќ, Србинот кој ќе оди на 23. гренд слем титула по денешната победа над Алкараз во четири сета.

24-годишниот Руд започна одлично, правејќи брејк за 2:0 водство, но Зверев, кој пред една година токму во полуфиналето против Надал доживеа тешка повреда, веднаш врати рибрејк. Веднаш потоа, Руд врати со брејк за да го освои сетот за 49 минути. Норвежанецот влезе во ритам и со еден брејк стигна до 2:0 водство во сетови, по што играта на неговиот германски ривал колабираше во последниот сет за победа по нешто повеќе од два часа.

Scroll to Top