Top Sport

Сетиен: Мирен си кога го имаш Меси

Новиот тренер на Барселона Кике Сетиен со победа дебитираше на клупата на тимот од „Ноу Камп“. Барселона дури во финишот го скрши отпорот на Гранада со голот на Меси во 76 минута. Претходно гостите останаа со играч помалку на теренот.

„Можевме и поранода постигнеме гол. Имавме четири добри шанси во првото полувреме, но тогаш милиметри решаваа. На крајот мечот го реши Меси. Мирен си кога го имаш него во тимот“, рекол Стиен.

Барселона на овој меч имаше посед од 83 отсто елемент на кој ќе инсистира новиот тренер.

„Водов многу добри работи, факт е дека не морам многу да менувам, тимот играше добро во претходниот период. Ќе работиме на менталната сила“, заклучил Стиен.

Новиот тренер на Барселона првиот сериозен предизвик ќе го има на 25 јануари на гостувањето во Валенсија.

Scroll to Top