Top Sport

НФЛ: Финале за Канзас сити и Сан Франциско

Екипите на Сан Франциско 49 и Канзас сити Чифтс ќе се борат за титулата во НФЛ лигата. Супербоул финалето ќе се одигра на 3 февруари.

Сан Франциско Најнерси во финалето на НФЦ конференцијата ги декласираа Грин Беј Пекерс со 37:20.

Од друга страна во финалето на АФЦ конференцијата, Канзас со пресврт во второто полувреме го победија ривалот од дивизијата Тенеси Тајтанс со 35:24. Канзас сити Чифтс ќе се бореат за титулата по пауза од 50 години.

Најголемиот спортски настан во САД, финалето во НФЛ наречено Супербоул, на програмата е ноќта помеѓу 2 и 3 февруари во 00.30 часот по средно-европско време.

Scroll to Top