Top Sport

Серија А доминира во европските купови

Италијанските клубови продолжуваат со одлични резултати сезонава во европските купови. Дури пет клуба од Серија А се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

Интер и Милан се во полуфиналето на Лигата на шампионите, Рома и Јувентус се пласираа во полуфиналето на Лига Европа, а Фиорентина се пласираше меѓу четирите најдобри клубови во Конференциската лига.

Оваа сезона Италија имаше уште два претставника во Европа. Наполи испадна во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Милан, додека Лацио го заврши своето европско патување во осминафиналето на Конференциската лига кога беше исфрлен од АЗ Алкмар.

Последниот италијански клуб кој освои еден од европските купови беше Рома минатата година кога беше најдобра во Конференциската лига. Пред тоа, Интер ја освои Лигата на шампионите во 2010 година.

Италијанците сигурно ќе имаат претставник во финалето на Лигата на шампионите бидејќи во полуфиналето ќе се соочат Милан и Интер. Јувентус во полуфиналето на Лига Европа ќе игра против Севиља, додека Баер Леверкузен ја чека Рома. Фиорентина преку Базел ќе го бара патот до финалето во Лигата на конференции.

Англија и Шпанија имаат по два клуба во полуфиналето. Манчестер сити и Вест Хем ги бранат боите на Англија, додека Шпанците ги имаат Реал Мадрид и Севиља.

Швајцарија (Базел), Холандија (АЗ Алкмар) и Германија (Баер Леверкузен) имаат по еден тим.

Scroll to Top