Италијанските клубови, односно Серија А ја скокна Премиер лигата на ранг листата на УЕФА. Премиер лигата долги години се наоѓаше на второто место веднаш зад шпанската Ла Лига, но лошите резултати изминатите сезони, што англиските клубови, ги постигнуваат во Лигата на шампионите и незаинтересираноста за натпреварите во Лига Европа, придонесоа Серија А да стигне до второто место.
Екипите од Италија кои играат во Лигата на шампионите забележаа победи во второто коло, што на Серија А и се нема случено уште од 2005 година. Јувентус, Рома, Интер и Наполи, изминатите два дена победија во дуелите со Јанг Бојс, Викторија Плзен, ПСВ Ајндховен, односно Наполи.
Во исто време, само Манчестер сити победи од англиските екипи во рамките на второто коло. Манчестер јунјатед одигра нерешено со Валнесија, а порази запишаа Ливерпул и Тотенхем во дуелите со Наполи, односно Барселона.
Серија А на УЕФА листата има 67.740 бода, а Премиер лигата 67.177, а далеку зад нив е Бундес лигата со 62.000 бода. Далеку напред е Ла Лига, чии тимови во изминатите пет години ја освојуваа Лигата на шампионите, а Севилја и Атлетико славеа во Лига Европа.