Top Sport

Серија А може да заврши со плејоф, следната сезона од 1 септември

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) одлучи дека Серија А, Серија Б и Серија Ц може да продолжат со натпреварувањата, а можен е и плејоф доколку има уште едно стопирање на сезоната поради корона вирусот, додека сезоната 2020/21 ќе стартува на 1 септември.

На последниот состанок на федералниот совет на ФИГЦ беа донесени неколку клучни одлуки. Прва и најважна е одлуката за професионалниот фудбал, кој добива до 20 август да ја заврши сезоната, иако сезоната официјално ќе заврши на 31 август за да се комплетира и Купот на Италија.

Доколку се случи нова пауза или ново одложување на сезоната, ќе мора да се оди на плејоф и плејаут сценарио, додека Палермо најверојатно ќе мора да помине уште една година во Серија Д, бидејќи таа лига е откажана.

ФИГЦ планира враќање на фудбалот на 20 јуни, иако се надеваат и на поран старт во договор со италијанската влада. Сепак, конечната судбина на сезоната ќе биде одлучена на 28 мај, кога министерот за спорт, Винченцо Спадафора ќе има состанок со ФИГЦ и Серија А.

Scroll to Top