Top Sport

РК Вардар ќе стане РК Вардар 1961?

Двократниот европски шампион и 13-кратен првак на Македонија, РК Вардар од 1 јуни почнува нова ера, со менувањето на сопственичката структура, по заминувањето на Сергеј Самсоненко и враќање на клубот кај поранешниот претседател Михајло Михајловски.

Покрај новиот почеток, клубот очигледно ќе има и ново име, односно ќе биде регистриран како „Вардар 1961“ за целосно нов старт.

„Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, ќе пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961“, изјави Михајловски во интервју за ТВ Телма.

Бидејќи домашното првенство беше откажано, а ЕХФ реши без борба да ги исфрли „црвено-црните“ од Лигата на шампионите, организирајќи директно Фајнал фор на крајот на годината, сите планови на Вардар се однесуваат на следната сезона, за која се најавени и засилувања по низата заминувања од клубот.

Фото: СЕХА

Scroll to Top