Top Sport

Серија А се извини за „мајмунската“ работа

Шефот на Серија А, Луиџи де Сиерво се извини по огромниот број на критики по покренувањето на иницијативата за борба против расизмот во италијанскиот фудбал со уметничка слика на три мајмуни.

Вчерашната промоција на постерот кој требаше да биде поставен на сите стадиони во Италија помина катастрофално по идејата на уметникот Симоне Фугацото да претстави дека сите „сме еднакви и различни“, и сега Де Сиерво признава дека кампањата можеби е „невкусна“.

„Сакам да се извинам на сите кои се навредени од делото од Симоне Фугацото направено минатиот мај за финалето на Копа Италија. И покрај тоа што уметникот ја објасни својата креација на дело кое порака против расизмот, сфаќаме зошто многумина имаат проблеми со тоа. Но, во исто време не смее да се потцени желбата на Серија А за силна и постојана борба против сите видови на дискриминација и расизам, нешто што треба да го искорениме од нашата лига“, вели Де Сиерво.

Серија А се бори против расизмот со слики на мајмуни!

Scroll to Top